Секоја ноќ
Секоја ноќ, секоја ноќ сонуваш ти на улица.
Дали ја најде својата љубена,
Својата младост луто погубена?
Секоја ноќ, секоја ноќ, секоја – ти си вијулица!
Секоја ноќ, секоја ноќ штом ќе се смират сирените…
Дали и в таа ноќ неисплакана
дали ја сони својата сакана?
Секоја ноќ, секоја ноќ живееш со спомените.
Секоја ноќ, секоја ноќ тагуваш, ај, по сината.
Дали и в таа ноќ непроспиена
Дали ја најде в облаци скриена?
Дали ја гледаш секоја ноќ, секоја – во далечината?
Ацо Шопов, 29. IV. ’53
Оваа песна е објавена само во Современост, 1953, год. III, бр. 5, стр.18, но потоа не е преземена во ниту една збирка на Ацо Шопов. Од неа постојат повеќе машинописи во Фондот Ацо Шопов во АМАНУ.
work in progress