2 3 4 5 6 7 Ацо Шопов, Јус-универзум, 1968 Оригиналните автографи од збирката се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов, во АМАНУ: АШ К1 АЕ31. За четири песни постојат замо машинописи: „Јус-критичар”, „Јус-догматичар”, „Јус-солидаризерство” и „Јус-дискутанти”.Јус-летување
1
Ова лето летува под ѕвездата Мини,
умот му се врти од мини-здолништа,
на плажа се лечи со кофеини
и бара дебели мини-засолништа.
Нема веќе ловци на школки и бисер,
летово како сите да ги опи.
Една мини-љубов копнее за глисер,
на бран и сонце сака да се стопи.
Ова лето летува со повеќе крајности,
со мини-приходи и голема була.
Значајно пораснаа сите безначајности
па веќе се гледаат и без караула.
Ова лето летува со повеќе стварности
и во тек на денот стопати се мени,
од игри театарски до средби на солидарности,
од големи до уште поголеми бездарности,
од ниски достигања до високи цени.
Ова лето летува со своја девиза,
сака леб без мотика.
Искривено како Кулата од Пиза
на сите ни нуди домашна егзотика.
Ова лето летува и на сè се жали,
(ах, ова лето под знакот на Мини).
Летаат пердуви на филмските фестивали
и плачат цигански виолини –
ги колнат, чиниш, и ѕвездите златни.
А некој лови во водите матни.
Ах, на ова лето, на ова мини-лето,
изгорено сето
од мини-здолништа,
од мини-засолништа, –
есента кога ќе му рече: вето!
Песната за првпат е објавена во Остен, бр.24, 8 август 1967, стр.12