„Во пет и седумнаест“, мултимедијална изложба

„Ми останале како сеќавање некои изложби кои сум ги посетила кога сум патувала во други градови, организирани како почит кон некое минато на градот, или пак на значајна личност од културата на тој град. Дали ние знаеме тоа да го направиме?“ – се прашува Дијана Томиќ Радевска во интервју со Весна Дамчевска, објавено во бројот 007 на културниот магазин СкопјеКулт. Изгледа дека одговорот е: Да, знаеме!

Дијана Томиќ Радевска е кураторка на изложбата „Во пет и седумнаесет“, според истоимениот текст на Ацо Шопов инспириран од трагичниот скопски земјотрес. Во организација на ДЛУМ, изложбата се одвива низ градот Скопје, од 3 до 9 јули 2023 година. Се неа се одбележуваат 60 години од земјотресот и 100 години од раѓањето на Шопов.

Интервјуто е достапно тука.